Оптимизмот од македонскиот премиер за решение на името до јули и изјавата дека идентитетот не е една од седумте точки за кои што се преговара, не останаа незабележани од грчките медиуми. „Бомба од Заев“ и „Заев откри дека за идентитетот не се преговара“, се главните коментари во текстовите на новинарите во Грција, по интервјуто на македонскиот премиер за австриското радио ОРФ, јави дописникот на МИА од Атина.
– Ако Грција, навистина не го покренува прашањето со државјанството, тогаш веројатно преговорите се понапреднати од тоа што се проценуваше и имаат за цел изнаоѓање заемно прифатливо име. Во сценаријата што се слушаат е географската одредница, најверојатно „Горна Македонија“, пишува „Та неа“.