ЈП „Македонија пат“ на терен ги повлекува сообраќајните табли со досегашниот назив на автопатот „Александар Велики“ на Коридорот 10, а кои согласно одлука на Владата треба да бидат заменети со нови што ќе го содржат името „Пријателство“.
Од Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека веќе ги нарачале 19-те сообраќајни табли со новото име. Набавката на новите табли ќе ги чини 4.940.000 денари.
Со одлука на Владата, ново име доби и скопскиот аеродром, но се уште нема конкретни официјални информации за процедурата за замена на називот „Александар Велики“ во „Меѓународен аеродром Скопје“.