Попова: Со 8-те милиони евра кои Шилегов ќе ги даде за уривање на галиите, ќе може 2 пати да ја реконструира Универзалната сала

Од:

„Замислете, Шилегов изјави дека оваа година воопшто нема да се отпочне реконструкцијата на Универзалната сала, не биле предвидени средства за 2018 година поради недостиг на финансиски средства“, рече Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.

„Пред само неколку дена, истиот Шилегов изјави дека рушењето на галиите и други објекти од речното корито ќе го чини градот Скопје ни помалку ни повеќе 8 милиони евра. Притоа, за изградба на галиите не е инвестирано од градот Скопје ниту едно евро, се работи за приватни инвеститори.

Со ова непромислено трошење на 8 милиони евра за рушење на веќе изградено, а немање средства за реконструирање на симболот на градот, Универзалната сала, Шилегов и СДСМ само потврдуваат дека работат за исполнување на своите лични хирови и задоволување на сопствениот гнев кон една успешна власт, а не работат за граѓаните и нивните потреби.

Затоа му порачуваме на Шилегов, парите за рушење на галиите да ги пренамени за реконструкција на Универзалната сала.

Со 8-те милиони евра кои Шилегов ќе ги даде за рушење на галиите, ќе може 2 пати да ја реконструира Универзалната сала, за која веќе има подготвен проект од градежниот институт на Македонија.

Инаку, средствата за отпочнување на етапна реконструкција беа обезбедени и претходно со Буџетот во 2017 година, но СДСМ со ребалансот ги укина.

Очигледно е дека не им е важно да работат според потребите на граѓаните.

Тие власта ја користат само за задоволување на своите лични фрустрации“, изјави Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски