Во изминатиов месец во Јужна Кореја се одржуваат Зимските олимписки игри, а освен Пјонгчанг, посетителите на земјата се одлучија да го посетат и пристанишниот град Синам, каде што се наоѓа „Паркот на пенисот“.
Во тој парк има бројни скулптури направено во облик на машкиот полов орган, во различни големини.
Освен скулптури во паркот има и топови и клупи, што се вистинска атракција за посетителите и можност за фотографирање.
Голем дел од туристите кои го посетуваат сметаат дека идејата е интересна, но се прашуваат од како воопшто настанал овој парк.
Има неколку легенди за настанокот на паркот, а една од нив е приказната за невина девојка која го загубила животот во невреме, кога момчето ја оставило да ја чека на карпата додека собирал алги. По нејзината трагична смрт, риболовците од тој крај останале без риба, бидејќи рибата исчезнала од морето.
На несреќната девојка ѝ го изградиле овој споменик, а според легендата тука биле вршени и обреди за да го задоволат нејзиниот дух.