Собранието утре ќе го разгледува барањето за избор на нови членови на ДИК

Од:

Собранието на утрешната седница ќе го разгледа предлогот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски за објавување јавен оглас за избор на нови членови на ДИК. На утрешната 34-седница на Собранието, која што е закажана за во 12 часот, предлог одлуката за објавување на претседател, потпретседател и шест членови на ДИК е втора точка на дневниот ред.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на февруари испрати барање до претседателот на Собранието Талат Џафери за итно распишување на оглас за избор на нови членови на Државната изборна комисија.

Според предлагачот, итноста од објавување оглас за избор на нови членови на ДИК е со цел комплетирање на составот на ДИК, откако претходните членови поднесоа оставки по скандалот со делење бонуси за изборите.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието