А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Вработени во кавадаречки „Комуналец“ го оштетиле буџетот за над 2 и пол милиони денари

by А1он19/02/2018 - 15:26174
Share0

Полицијата од Велес поднесе кривична пријава против М.П. (51) и И.А.(45) двајцата од Кавадарци и С.С.(46) од село Мрежичко, Кавадаречко, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Според информациите од МВР во текот на 2014 година, првопријавениот М.П. како раководител во „Водовод и канализација“ при ЈП „Комуналец” од Кавадарци, на четири фактури и испратници, доставени од фирмата „Трасер“ ДООЕЛ, потврдил дека била извршена набавка и транспорт на 5.000 филтерски дизни за питка вода и нивно вградување во филтри, иако наведените филтерски дизни ниту биле набавени, ниту вградени.

Притоа, во наведениот временски период првопријавениот, спротивно на Законот за спречување судир на интереси, бил вработен на дополнително работно време во фирмата „Трасер“ ДООЕЛ. Второпријавениот, како директор на ЈП „Комуналец“ Кавадарци и покрај тоа што знаел за истото, не избрал друга фирма за надзор над изведувањето на работите, туку дозволил надзорот да го врши М.П.

Третопријавениот, како сопственик и управител на „Трасер“ ДООЕЛ, доставил за наплата четири фиктивни фактури дека извршил набавка и вградување на 5.000 филтерски дизни. Со ова, пријавените му нанеле штета на ЈП „Комуналец“ од Кавадарци во висина од 2.655.000 денари.

Следете a1on на Youtube YouTube
kavadarcimvr

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он28/08/2026 - 18:23

Јанчев: Да се истражи кој стои зад пожарот во депонијата „Мелци“

Горан Наумовски26/08/2026 - 07:21

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

Катерина Ѓуровски24/08/2026 - 09:38

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он23/08/2026 - 13:3923/08/2026 - 13:26

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он21/08/2026 - 16:37

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски21/08/2026 - 11:1621/08/2026 - 11:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео