(ВИДЕО) Гелевски: Во Македонија владее режим, се случуваат катастрофи

Од:

„Во Македонија владее режим, се случуваат катастрофи. Власта не почитува ни Устав, ни закон, а се дрзна дури и да тепа и омаловажува пратеници-избрани од народот и новинари. Ова е својствено само за диктаторските режими. Но не смееме да дозволиме ова да стане практика и во Македонија“, рече Сашо Гелевски, претседател на Достоинство, Сојуз за иднината.

Тој додаде дека една од движечките сили, која може, а и мора да му застане на патот на тоталитарниот режим сме и ние бранителите. И затоа сме сплотени со опозицијата, бидејќи Владимир Талески нема повеќе образ за да бара трет мандат. Кога ние баравме закон за бранителите во 2008 –мата, со собирање на потписи, илјадници граѓани се потпишаја, меѓу кои и Весна Бендевска и Менде Диневски.

Но, не се потпиша Владимир Талески.

Кога во 2001-та лежевме во ровови и не знаевме дали ке се вратиме дома живи, нашите мајќи плачеја, а мајка му купуваше станови во Скопје.

Вакви луге несмеат повеќе да ја водат Македонија, бидејќи не однесоја во амбис, а тие си ги наполнија своите сметки во странските банки.
Какви патриоти имаме?

И денес ние бранителите сме со народот и ја штитиме слободата исто како во 2001-та. Но, денес се бориме против домашните предавници и криминалци кој не омаловажија и не дискридитираат.
Сакам да го прашам Груевски, да не бевме ние бранителите, на која држава тој денес ке беше премиер?

И за крај јавно ке порачам, наш приоритет ке биде враќање на професионализмот во полицијата, враќање на достоинството на вистинските полицајци, и враќање на достоинството на бранителите.

Би можело да ве интересира

Вработените на „Паркови и зеленило“,„Флораком“ и „Луна“ најавуваат протести секој ден

(ВИДЕО) Колумбијците протестираат против Трамп, четворица полицајци повредени со стрели

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Битолската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

(ВИДЕО) Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола

(ВИДЕО) Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

Горан Наумовски