Единствена Македонија: Сите знаат за обезличувањето на Македонците, освен македонскиот народ

Од:

„Единствена Македонија го повикува Зоран Заев да го информира и македонскиот народ дали веќе договорил целосно обезличување на Македонија и Македонците.

Ова од причина што, Заев на кафе-муабет средби со академици во МАНУ, сорососоидни уредници на медиуми и останати македонци со изгубено национално чувство, ги информира за погубните решенија за името и идентитетот на македонскиот народ.

Исто така, албанскиот коалициски партнер во владата, секојдневно го информира албанското малцинство во земјата дека веќе е договорено бришење на македонците како нација.

Да потсетиме дека и грчкиот министер Коѕијас го информира својот грчки народ за решение за името според договорот од Давос кое опфаќа промена на името, идентитетот, јазикот, трговската употреба, акронимите и знаците, промена на уставот, пасошите и личните карти.

Значи, сите знаат за нашето обезличување, а Заев не го информира само македонскиот народ за оваа опасна авантура со промена на името и идентитетот.

Затоа, Единствена Македонија го повикува Заев да не се плаши и да го го информира и македонскиот народ дали веќе договорил обезличување на Македонија и Македонците.

По доаѓањето на легална власт во Македонија, една од целите на Единствена Македонија е сојуз со Русија и поништување на сите погубни акти за Македонија. Ова многу бргу ќе стане реалност оти новите геополитички поместувања на Балканот се навестуваат и тие доаѓаат“ се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска