„Онака како што Исус со целото свое битие го возљуби човештвото, и ги плати човековите гревови со својот живот, и на сите нас ни порача да чекориме по неговиот пат, патот на мирот на љубовта, на простувањето на вербата.
Денес на овој ден јасно и недвосмислено кажувам, силата која треба да ја имате за да простите е голема.
По примерот на Исус, од срце им простувам на оние кои сурово ми нанесоа зло, и мене и на моето семејство, и понизно стојам пред Вас другите и барам прошка.
Проштевајте и простено нека Ви е“ се вели во честитката на претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски