Името Мохамед било најчесто име во Брисел минатата година, покажуваат податоците на Белгиската национална статистичка служба.
Најраспространето машко име во Валонија е Жан, додека во Фландрија Марк. Најчести женски имиња, пак во Белгија се Марија или Мари.
Статистиката покажа дека најмногу доселеници во Брисел има од Франција, а на второ место се Мароканците. Во главниот град на Белгија живеат граѓани од вкупно 184 земји во светот.