Ватиканските официјални лица и бискупите ширум светот треба да живеат едноставен живот и да се откажат од каква било желба за моќ откако ќе се повлечат од високи функции, побара денес Папата Франциско.
Во изминативе години се повеќе ватикански официјални лица се критикувани бидејќи ги задржувале луксузните станови и барале полициска заштита и по престанувањето на функцијата. Самиот Папа се откажа од големиот апартман и живее во еднособен стан во ватиканската куќа за гости.