Градоначалникот на Дебар набавил џип од 50 илјади евра

Од:

Градоначалникот на Дебар, Ружди Љата, набавил џип вреден 50 илјади евра за потребите на Општината. Станува збор за возило „фолксваген тигуан 2.0 ТДИ“ и според договорот склучен со „Порше лизинг“ ДООЕЛ Скопје, возилото ќе се исплаќа одложено по пат на финансиски лизинг со учество од 20 отсто во рок од 60 месеци.

Во делот за вредноста на договорот е наведена сума од 2.586.014 денари, односно 42.049 евра, без вклучен ДДВ. Општината во наредните пет години ќе исплаќа рата од речиси 700 евра, а првата уплата пред испораката на возилото е 8 илјади евра.

Градоначалникот Љата не одговори на повиците на „Макфакс“ за неопходноста на набавката на возилото. Во изјава за дел од медиумите тој посочил дека нема ништо спорно и дека џипот ќе се користи за службени потреби на Општината. Од таму, пак, известија дека градоначалникот е на службено патување, а отсутен бил и секретарот, како и лицата задолежни за односи со јавност, кои може да дадат повеќе одговори за набавката на луксузното возило.

Би можело да ве интересира

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“

Катерина Ѓуровски

Крадец од Дебар украл паричник со документи и пари

Маж им се заканувал на вработените во Општата болница во Дебар

Невреме со силен ветер, дожд, град и електрични празнења попладнево во Дебарско

Гром го остави без струја три и пол часа поширокиот дебарско – струшки регион