ВМРО-ДПМНЕ: Институциите да не се злоупотребуваат за одмазда и реваншизам

Од:

„Мерката притвор е злоупотребена. Невини глумци, режисери, пратеници, граѓани се држат во притвор во катастрофални услови.

Maкедонија е единствената држава во Европа каде се држат политички затвореници со конструирано обвинение за тероризам. Судот мора да ги земе во предвид фактите при разгледување на нивните приговори. Притворот се користи како крајна мерка доколку обвинетите можат да го повторат делото, да избегаат или ако имаат намера да влијаат врз истрагата. Во овој случај не може да се повтори делото, ниту има намера за бегство, а уште помалку постои можност да се влијае врз истрагата. Обвинетите не го сториле делото за кое се товарат!

Судот мора да суди врз основа на факти и аргументи, а не своите одлуки да ги донесува под притисок на власта. Судот мора и треба да знае дека дека сите одлуки треба да бидат донесени врз основа на законските и правните прописи.

Судството не смее да си дозволи во притвор да се држат политички затвореници.

Судот не смее да ги толкува законите во интерес на политиката.

Правната држава треба да биде основна вредност на демократското општество.

Време е судската власт конечно да се одважи и да најде сила да го сопре ова лудило.

Без демократски институции и со политички затвореници кои се обвинети за конструирано дело тероризам Македонија нема да напредува. Единствен предуслов за такво нешто се демократски институции кои се водат исклучително по принципот на владеење на правото и правната држава.

ВМРО-ДПМНЕ апелира институциите да не се злоупотребуваат за одмазда и реваншизам.

Република Македонија мора да биде правна држава. Институциите исклучиво мора да бидат служба на граѓаните. Сите општествени и политички чинители имаат обврска да се стремат кон тоа“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Со почит,

Би можело да ве интересира

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски

Прескокнувањето системски закони е аларм за корупицја – Антикорупциска реагира за Законот за „Скопје 2028“

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Клековски денес призна и за жолтица во Гостивар– време е кривично да одговара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Сè уште нема документ за водата во Гостивар а нови градови се со отровна вода