ВИДЕО: Сите патни правци под снег, има ли кој да ги чисти?

Од:

Вечерва автопатиштата се преполни со снег, а никој не ги чисти. Двоцениската пракса продолжува и оваа зима. Патници за А1он коментираат дека од Охрид до Кичево се вози за два и пол часа и дека воопшто не е безбедно.

Дали конечно некој ќе покрене одговорност за тие што ја презеле обврската да ги чистат автопатиштата и за што добиле огромни суми пари од државата?

Лавина на патниот правец Маврово – Дебар

Забраната за патнички возила на планинскиот премин Ѓавато сè уште е на сила. Исто така, на сила се и забраната за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Забрана за тешки товарни возила има и на патните правци Струга – граничен премин Ќафасан, крак Маврово – Дебар, крак Стража – с. Колари и обратно, како и на планинските премини Пресека, Буково и Ѓавато.

Врнежите од снег предизвикаа проблеми и на Стража. Патот не е исчистен и многу возила останаа блокирани крај и на патот. Според изјави на очевидци, завеани се камиони и автомобили, а среде патот има заглавено комбиња.

Снег на планинскиот премин Стража

Освен снегот, сообраќајот на Стража го отежнува и маглата. Според последните информации од АМСМ, видливоста е намалена до 100 метри.

Врнежи од снег има во Тетово, Попова Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Крушево, Кичево, М.Брод, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Источна Европа е погодена од снежна бура, снежно невреме во Москва

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Поради врнежи од снег, забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево

Горан Наумовски

Слаб снег на планинските превои