(ВИДЕО) Јорданов: 100 дена локална власт на Филип Темелковски се 100 дена класично недомаќинско и расипничко работење

Од:

„На средно земјоделско училиште во Драчево каде што учат стотици ученици потребна му е нова зграда. Во училиштето „Рајко Жинзифов“ потребна е нова спортска сала. Овие два проекти не чинат повеќе од 3 милиони евра.

Наместо тоа, Петре Шилегов, од народни пари да дава 5 милиони евра да дислоцира галии за кои не е дадено ниту денар да се направат бидејќи се на приватни сопственици, нека одвои и нека даде 3 милиони на општина Кисела Вода да се реализираат проектите за ново средно училиште и нова спортска сала“, изјави Ацо Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ.

„Видовме дека за 100 дена Филип Темелковски и Петре Шилегов не мрднаа со прст. Еден единствен проект не реализираа. Од само 100 дена, цели 2 недели беа на ракомет во Загреб и ги заборавија граѓаните.

Ова е класично недомаќинско и расипничко работење. Шилегов е спремен 5 милиони евра да фрли во вода, а не е кадарен да реализира проекти кои им се неопходни на граѓаните.

Доколку Шилегов сака да ги дислоцира галиите, тоа нека не го прави со парите на граѓаните, туку нека си го направи од сопствените доколку ги има, од кириите, или ако си заработил.

Граѓаните не заслужуваат нивните пари да бидат трошени за исполнување на лични хирови на Петре Шилегов“, рече Ацо Јорданов.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела