Чои Сун-сил, блиската соработничка и пријателка на поранешната претседателка претседателка на Јужна Кореја, Парк Геун-хје, осудена е на 20 години затвор поради злоупотреба на положбата, корупција и други обвиненија.
Судот потврди и дека Чои мора да плати казна во висина од 17 милиони долари, затоа што ги злоупотребила блиските врски со поранешната јужнокорејска претседателка за да оствари лична корист.