„Монструм“: Нема никогаш да го избришам бројот на синот

Од:

Во Основниот суд Скопје 1 денеска продолжи судењето за случајот „Монструм“ во кој шестмина се обвинети за тероризам и помагање поради убиството на пет лица кај Смилковското езеро на 12-ти април минатата година.

На денешниот распит родителите на четирите убиени момчиња Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацевски и Александар Наќевски, како и најблиските на убиениот рибар Борче Стефановски, останаа на своите искази дадени во истражната постапка во јули минатата година.

Тие побараа казна за сторителите, а дополнително ќе се произнесат колкава отштета ќе бараат доколку биде утврдено оти обвинетите се виновни. Тие рекоа дека до крајот на постапката ќе се произнесат во писмена форма.

„Каква оштета да барам судијо, изгубив 44-годишен син?“, одговори 76-годишниот Божин, татко на убиениот Борче Стевковски.

Јавната обвинителка ги праша роднините на петмината убиени дали се сеќаваат на телефонскиот број кој го користеле нивните синови за време на петкратното убиство.

„Прв ми е неговиот број во именикот во телефонот и никогаш нема да го избришам“, одговори Наќевски.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски