Според Транспарентност Македонија, исфрлањето на новинарите на 24.декември е најнедемократски чин изминативе 22 години.
Транспарентност Македонија го објав иизвештај за месец декември за борбата против корупцијата и криминалот и за состојбата со транспарентноста во општеството.
Во него е нотирано дека насилното протерување на новинарите од собраниската галерија на 24 декември, како вовед во бруталното исфрлање на пратениците на опозицијата од истата сала, спроведено од специјални полициски сили облечени во цивилна облека, ја претставува најдолната точка на кршење на демократските правила и законите во македонското демократско искуство во изминатите 22 години.
„Со кршење на членот 16 од Уставот на РМ, со кој се гарантира забрана за цензура во Македонија, власта користеше метод,и карактеристични при вршење на државни удари и воведување специјални мерки за прогласување на вонредни ситуации. На најгруб полициски начин, јавноста беше ускратена за професионално известување за настаните во Собранието на РМ при донесувањето на Буџетот за 2013 година. Официјално изразувајќи жалење за овој настан, власта непосредно ја призна својата улога во него и чинот на кршењето на Уставот“, стои во извештајот.
Транспарентност Македонија укажува дека современата македонска држава може да опстои само доколку е демократска, со сите аспекти на живеење и политичко делување што ги подразбира и дозволува демократијата, вклучувајќи го и слободното функционирање на медиумите, во спротивно, велат, се доведува во прашање опстанокот на македонската држава во границите и со уставното уредување какво што го знаемее.
Во месечниот извештај за декември 2012 г. за состојбите во борбата против корупцијата и криминалот и состојбата со транспарентноста во општеството, ТМ предупредува на следните случаи:
1. Нарушена уставно гарантираната поделба на власта;
2. Донесување на буџетот за 2013 г;
3. Полицијата како сервис на партијата на власт;
4. Состојба со медиумите;
5. Непотизам при избор на судии;
6. Партиски вработувања во јавниот сектор
7. Случај “Општинска зграда“;
8. Случај “Топлификација“ АД и “Балкан Енерџи Груп“