ВИДЕО: Судењето за „Монструм“ започна од почеток, расправата одложена за 14 март

Од:

Обвинителот Наум Пановски од „Диво Насеље” го читаше од почеток обвинението за „Монструм“. На судењето беа присутни сите обвинети, освен двајцата кои не ѝ се достапни на полицијата. Пановски рече дека остануваат на обвинението, односно дека обвинетите извршиле кривично дело тероризам предизвикувајќи чувство на страв и несигурност. На двајцата обвинети кои се во бегство ќе им се суди во отсуство. Судењето за „Монструм“ е одложено за 14 март затоа што Обвинителството технички не ги споило двете обвиненија за обвинетиот Сами Љута. Второто обвинение било поднесено дополнително во текот на постапката.

Судењето за петкратното убиство што се случи на 12 април 2012 година, кај Смилковското езеро, во кое беа убиени 4 момчиња и 1 рибар почнува од почеток откако Врховниот суд ги укина пресудите затоа што утврди серија пропусти во водењето на постапката.

Највисокиот суд потоа ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост, односно да не смеат да го напуштат градот во кој што живеат, а имаат и обврска двапати неделно да се јават во Основниот суд Скопје 1. Меѓународните потерници за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ сè уште се активни, иако тие со години се на Косово. Тамошните власти го одбија барањето за екстрадиција, бидејќи тврдеа дека не биле доставени доволно докази кои укажуваат на нивна вмешаност во случајот.

В.М.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски