ССМ: Со анализа да се утврди евентуална промена условите за пензионирање

Од:

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во реакција на информациите за зголемување на границата за пензионирање предлага да се преземат мерки за намалување на обемот на неформалната економија и на нерегистрираните плати и да се спречи емиграцијата на високо едуцирани млади луѓе.

„Во агендата за делување на Сојузот на синдикатите на Македонија приоритетно место имаат активностите за унапредување на пензискиот систем во Државата. Со оглед на сознанијата за предизвиците со кои се соочува пензискиот систем на РМ во овој период ( недостаток на средства , несоодветен сооднос помеѓу активното население и бројот на пензионерите , зголемување на старосната структура на населението , продолжен животен век …), ССМ ја истакнува потребата од изработка на целосна Анализа на состојбата со пензискиот систем во РМ , врз основа на која социјалните партнери ќе можат да ги дадат своите предлози во насока на негово подобрување .

Стручната анализа ќе покаже дали постојат услови и потреба од промена на висината на процентот од плата за придонес за ПИО и дали постојат можности дел од евентуално зголемување на овој процент да биде на товар на работодавачите како што тоа е случај во земјите од нашето опкружување.

ССМ се залага за законски измени согласно кои, покрај возраста и стажот на осигурување да биде основ за пензионирање, како и за остварување на правото на бенифициран стаж за одредени категории на работници во градежништвото, рударството и други дејности каде тоа е неопходно за заштита на животот и здравјето на работниците.

Се залагаме за зголемување на бројот на вработени кои ќе придонесуваат во државниот пензиски фонд. Особено на младите и жените преку активни политики на пазарот на труд со обуки и едукација за подобрување на нивните вештини според барањата на пазарот.

Да се преземат мерки за намалување обемот на неформалната економија и на нерегистрираните плати, да се спречи емиграцијата на високо едуцирани млади луѓе.

Потребна е повисока продуктивност за повисоки плати, не се согласуваме со нереално и необјективно зголемување на пензиите.

Во рамките на целокупните реформи на пензискиот систем, согласно реалните можности и предуслови на кој се темели пензискиот систем не сме против новата економска мерка која ја промовира Владата и со која ветува државна социјална пензија за секој граѓанин независно дали ги исполниле условите за пензија или не во насока на намалување на сиромаштијата и подобрување на животниот стандард на граѓаните во Државата“, се вели во реакцијата на ССМ.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај

ССМ и КСОМ заедно на протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“

ССМ ќе бара враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување на минималната плата на најмалку 450 евра

Трендафилов: Постапката за Работничкиот дом ќе се повтори