Премиерот Заев со Здружението на млади европски федералисти – Македонија: Имате повеќе капацитет од многу политички субјекти во придонесот кон реформските и евроинтеграциските процеси

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска прими делегација на Здружението Млади европски федералисти – Македонија (ЏЕФ Македонија).

Претставниците на здружението, го информираа Премиерот за Федералното собрание на млади европски федералисти кое ќе се одржи во Македонија од 23-25 март годинава, и го поканија да земе учество со свое обраќање, а од Владата побараа да биде покровител на настанот.

Вакво собрание за прв пат се одржува во Република Македонија, а на него ќе земат учество повеќе од 40 организации на млади европски федералисти од цела Европа, а на него ќе се дискутираат политики и резолуции кои се однесуваат на ниво на цела Европа.

Одговарајќи позитивно на поканата, Премиерот потенцираше дека чест е да се биде домаќин на таква организација, и истакна дека се надева и на поинтензивна соработка во иднина затоа што, како што рече тој „многу често имате повеќе капацитет од многу политички субјекти во придонесуот кон реформските процеси кои треба да не приближат кон Европската Унија“.

Членовите на ЏЕФ Македонија, во оваа прилика, поздравувајќи ги заложбите за евроинтеграцијата на земјава, го запознаа премиерот детално за концептот на нивната организација и системот на вмрежување во рамките на европската мрежа на млади федералисти.

Во текот на средбата, претставниците на „ЏЕФ Македонија“, ги истакнаа своите намери за континуирана и стратешка соработка со владата во градењето на граѓанскиот концепт на нашето општество.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска