Суперѕвездата на американското алпско скијање Линдзи Вон ќе се натпреварува во три дисциплини на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, објави таа на прес-конференција. Вон, која е 81-кратна победничка во стартови од Светскиот куп, мораше да патува цели 24 часа за да стигне до јужнокорејскиот зимски центар, откако на аеродромот била непријатно изненадена со веста дека не ги носи потребните документи за летот до одморалиштето.
Вон ќе учествува во спуст, Супер-Џи и комбинацијата, откако го пропушта велеслаломот, бидејќи нејзиното колено нема да и дозволи да потроши толкава количина енергија. Соодветно на тоа, се чини логична нејзината одлука да се фокусира на брзинските дисциплини, кои се нејзината специјалност.