Уапсен пакистанскиот премиер

Од:

Пакистанскиот премиер Раџа Первез Ашраф е резрешен од функцијата, а потоа уапсен и преместен во затвор во близина на Исламабад, јави Анадолија.

Уставниот суд на Пакистан го разреши од функцијата Ашраф и уште 16 негови соработници меѓу кои и неколку министри.

Според соопштението на Уставниот суд, Ашраф е обвинет за корупција и злоупотреба на службена должност додека бил на функцијата министер за енергетика.

Раџа Первез Ашраф, кој на должноста премиер е од 22 јуни 2012 година, утре ќе биде сослушан пред судот.

Изненадувачката одлука на Судот, според аналитичарите, ја фрла земјата во нови политички превирања. Одлуката доаѓа во време на масовни антивладини протести во главниот град Исламабад, водени од верски свештеник за кого се верува дека е поддржан од војската.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица