Заев се сретна со Сојузот на организации на жени на Македонија: Активно да работиме на унапредување на родовата еднаквост

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска прими делегација на Сојузот на организации на жени на Македонија (СОЖМ) од повеќе градови од земјава, предводени од претседателката на организацијата, Савка Тодорова.

Изразувајќи благодарност, претседателката Тодорова ја поздрави ратификацијата на Истанбулската конвенција, и ги нагласи очекувањата дека Премиерот исто така ќе се заложи за имплементација и мониторинг на конвенцијата.

Премиерот Заев, велејќи дека Владата има потреба, а не само чувство за соработка со СОЖМ, потенцираше дека немањето еднаквост во општеството по однос на родовите прашања е исто како да не се искористуваат половина од човечките капацитети на државата.

– Сојузот на организации на жени е одличен пример за како треба да бидеме мотивирани, гласни и организирани. Не само што повикувам на соработка со Сојузот на организации на жени, туку и замолувам за помош од Сојузот во решавање на родовите проблеми во нашето општество – рече премиерот Заев на средбата.

Премиерот рече дека лично ќе оствари контакт со градоначалниците на општините во земјава за поголем ангажман во насока на имплементација на Истанбулската конвенција, како и решавање на проблемот со недостаток на простории за работа на организациите членки на СОЖМ.

– Имате искуство, знаење и идеи. Сега треба заедно да ги имплементираме. Ако сме ангажирани како да го направиме општеството подобро место за сите, нема да направиме грешки – истакна премиерот Заев на средбата.

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија