Филипче: Ќе вработиме 20 медицински сестра на Клиниката за детски болести

Од:

Министерот за здравство на Република Македонија, Венко Филипче истакна дека во најскоро време ќе бидат примени 20 медицински сестри за Хематолошкото одделение и за Одделот за интензивна нега на Клиниката за детски болести.

Тој истакна дека веќе се обезбедени дел од средствата и од Детската клиника, но и од екстра средства од ФЗОМ.

– Направивме анализа со министерството за труд и социјална политика и идентификувавме голем број невработени сестри, истакна Филипче.

Тие 20 медицински сестри, потенцира, се екстра од она барање за медицински сестри кое редовно го даде директорката на Детската клиника за вработување.

Би можело да ве интересира

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи