(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Богдановиќ да го реши проблемот со загадувањето во Центар

Од:

„100 дена Саша Богдановиќ. 100 дена лаги. 100 дена загаден воздух.

100 дена поминаа, а ветувањето на Богдановиќ за услови за здрав живот за сите се испоставија како голема лага“, рече Јована Мирческа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Скопје 3 месеци се гуши во смог и е на врвот на светските листи за загаденост на воздухот. Богдановиќ и СДСМ кои ја имаат власта на сите нивоа не преземаат ништо. Општина Центар најмногу ги чувствува последиците од загадувањето каде често концентрацијата на ПМ10 изнесува од 8 до 10 пати над дозволеното.

Додека општината е загушена во смог. Богдановиќ мува не го лази. Од ветените експресни мерки нема ништо. Постарите граѓани и граѓаните со хронични болести, како и малите дечиња секојдневно ги полнат здравствените установи.

Богдановиќ мора да преземе мерки за намалувањето на загаденоста. Центарци тоа го бараат.

СДСМ и Богдановиќ ветуваа поголема хигиена на улиците во општината. Хигиената не е подобрена. Исто како во времето на Жерновски имаме нечисти улици, незаштитени градилишта и високо ниво на нехигиена.

Богдановиќ нема реализирано ниту една енергетско ефикасна фасада, ниту пак има најава кога планира тоа да го направи, ниту пак на кои згради. Граѓаните се изманипулирани и излажани.

Ветувањата на Богдановиќ останаа само празни зборови.

Секојдневно стотици кучиња се шетаа низ општината, а од стационарот кој го ветуваше Богдановиќ остана само мртво слово на хартија.

Господине Богдановиќ граѓаните очекуваат конкретни мерки и проекти. Граѓаните очекуваат остварување на ветеното. На Центарци им е преку глава од лаги и манипулации пред избори“, изјави Јована Мирческа.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина