Американскиот милијардер Џорџ Сорос преку своите фондации ѝ дал околу 450.000 евра на групата „Најдобро за Британија“, која се залага за одложување на брегзит, соопшти претседателот на оваа група, Марк Малок-Браун.
„Фондацијата на Џорџ Сорос, заедно со други големи донатори, дадоа значаен придонес во нашата работа. Преку своите фондации тој даде 450.000 евра“, изјавил за „Ројтерс“ Малок-Браун.
Групата „Најдобро за Британија“ се залага за одложување на брегзит и повторно одржување референдум за членство во ЕУ.
„Сметаме дека британскиот народ заслужува да има конечна одлука за договорот за брегзит и веруваме дека државата е измамена. Ова е демократски и патриотски обид да ја повратиме нашата иднина и ја поздравуваме помошта од многу кругови“, истакна Малок-Браун.