МОН ја поддржува иницијативата „Во зима со велосипед на училиште и работа”

Од:

Министерството за образование и наука дава поддршка и се приклучува кон иницијативата на неформалното здружение „НаТочак“ и ги повикува сите да се вклучат во овогодинешниот “Winter Bike To Work Day/School Day“, глобална иницијатива чија цел е подигнување на свеста за важноста и придобивките од користењето на велосипедот, како превозно средство до работа и училиште во текот на целата календарска година.

„Winter Bike to Work Day e интернационален ден на кој што луѓето го одбележуваат движењето со велосипед на работа и училиште во зима, притоа кревајќи ја свеста за ова превозно средство во студените месеци, водејќи се од наративот: Не постои лошо време, постои само лоша опрема“ се наведува во соопштението.
МОН ги повика учениците, наставниците, професорите и студентите, да се придружат на оваа прекрасна иницијатива.

„Уживајте во возењето, почитувајте ги правилата во сообраќајот, внимавајте на сопствената безбедност и безбедноста на останатите граѓани и учесници во сообраќајот“ се додава во соопштението.

Грижата за животната средина, вашата среќа и благосостојба, заштедата на време и пари, се најголемата мотивација за возењето велосипед.

Би можело да ве интересира

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци