Посредникот во разговорите за името амбасадорот Метју Нимиц ги повика претставниците на Македонија и на Грција Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис на нова рунда разговори во Њујорк на 29 и 30 јануари, соопшти службата за информирање на Обединетите нации.
Предвидени се одделни средби на Нимиц со Јолевски и со Василакис, а потоа заедничка средба.
Согласно информацијата од Обединетите нации, целта на средбата е да се продолжат дискусиите започнати на средбите на Нимиц со високите претставници на двете држави при неговата посета на Македонија и на Грција.