Водостоите на сите реки во Македонија со исклучок на Црн Дрим и Брегалница се високи по обилните врнежи од дожд.
Денешните хидролошки мерења покажуваат дека речеиси двојно се зголемени нивоата на реките Вардар, Треска, Пчиња и Сатеска, а над просекот за февруари се и водостоите на Крива Река и Црна Река.
Околу февруарскиот просек се и нивоата на Дојранското, Преспанското и Охридското езеро.