Кривична пријава против кумановец за производство и продажба на наркотици

Од:

Секторот за внатрешни работи Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против М.С. (39) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 31.01.2018 година, по претходно издадена наредба од Основен суд Куманово, бил извршен претрес во домот на пријавениот. Притоа, биле пронајдени една тегла со семки од марихуана со маса од 33,57 грама, една тегла и две тенџериња со раствор од наркотична дрога – хашиш смола со вкупен волумен од пет литри и 50 мл., едно најлонско пакување со наркотична дрога марихуана со маса од 1.40 грама, цврста материја со темно кафеава боја – хашиш со маса од 13,40 грама, едно капаче од шише и еден шприц со смолеста материја со темно кафеава боја со волумен од 11,5 мл. и едно капаче од тегла со остатоци од марихуана.

Од страна на судија за претходна постапка, на М.С. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет