Единствена Македонија: Заедно со народот ќе спречиме влез на Македонија во НАТО

Од:

„Како што е познато, Единствена Македонија на 23 јануари 2018 под архивски број 08-596/1, во Собранието поднесе Иницијатива за донесување на Одлука за повлекување на Одлуката за членство на Македонија во НАТО што ја донесе Собранието на 23 декември 1993 година.

Меѓутоа, Талат Џафери со негов своерачно потпишан допис под број 08-596/2 ни ги врати материјалите со образложение дека политички партии не можат да поднесуваат иницијативи иако според правото на Република Македонија секој во државата (граѓани, група на граѓани, институциии, здруженија…) може да поднесе иницијатива „за се и сешто“, до било кој државен орган, а сосема друго е прашањето дали односната иницијатива ќе биде прифатена.

Се разбира, правната неписменост на Талат Џафери е негова лична работа, меѓутоа, за Единствена Македонија таквата неписменост е крајно вознемирувачка и опасна бидејќи го попречува македонскиот народ во намерата да не дозволи влегување на Македонија во НАТО.

Единствена Македонија му порачува на македонскиот народ да биде спокоен, бидејќи, заедно со народот ќе спречиме влез на Македонија во НАТО и ќе ја оствариме јасно изразената намера на македонскиот народ за стратешко партнерство со Русија со што се обезбедува опстанокот и просперитетот на Република Македонија“ се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска