Координација на активностите помеѓу Секторот за образование и педагошките служби на гостиварските училишта

Од:

Секторот за образование при Општина Гостивар одржа состанок со педагошките служби на општинските училишта, на кој присуствуваа педагози, психолози и социолози од сите гостиварски основни и средни општински училишта.

„Ја остваруваме оваа средба со педагошките служби на основните и средните училишта, со цел поефективно и поефикасно координирање на активностите и преку продлабочување на соработката, како меѓу општината и училиштата, така и преку меѓусебната соработка помеѓу училиштата и размена на искуства, да го подигнеме квалитетот на образовниот процес и на оваа толку значајна област да му го вратиме заслуженото место во општеството”, вели Асилан Снопче, раководителка на Секторот за образование при општина Гостивар.

Од состанокот произлегоа конкретни идеи, но се донесоа и многу важни заклучоци. Ваквите состаноци да бидат редовни и да се одржуваат во првата недела од месецот.

Училишните педагошки служби редовно да известуваат за својата работа. Управите на училиштата да ја зголемат контролата над работата на наставниците, како и да се инспектираат наставните часови. Педагошката служба целосно да се растовари од административните работи кои им припаѓаат на училишните управи.

Она што вреди да се спомене е дека училишните педагошки служби се обврзуваат еднаш месечно да организираат работилници (предавања) за одредени теми за кои ќе тие заеднички и во координација со Секторот за образование ќе оценат дека се корсини.

„Ова се прави со цел одредени активности и работата на училишните педагози и психолози, да може да најде поширока примена во училиштата и да бидат искористени сите добри индивидуални идеи на стручњаците. Некои предавања ќе се одржуваат и во основните и во средните училишта, а оние специфичните за одредени возрасни групи ќе се одржуваат само за соодветниот циклус на образование”, вели Аслиан Снопче.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он

Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

А1он

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија