Изјавите на Димитров и Нимиц и понатаму актуелни во грчките медиуми

Од:

Вчерашните ставови на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров по средбата со медијаторот, дека сме Македонци, зборуваме македонски јазик, но и дека за идентитетот не се преговара, заедно со изјавите на Нимиц дека Атина не поставила тема идентитет, ги преплавија грчките медиуми. Кусо по завршувањето на средбата Димитров – Нимиц, новинарите во Грција, како што вчера објави МИА, во извештаите акцентот го ставија токму на ставовите на министерот за надворешни работи.

Во синоќешните изданија на централните вести на грчките телевизии, средбата Димитров-Нимиц беше прва тема со која новинарите ги започнаа вестите. Ставовите на шефот на македонската дипломатија и на медијаторот и утрово беа тема на дебати во дел од утринските информативни емисии.

– Еден нов, непознат аспект во преговорите, откри од Скопје, Метју Нимиц, одговарајќи на скопскиот министер Димитров, кој е со непроменети позиции во прашањето за идентитетот и јазикот, а Грција, рече Нимиц, не поставува таква тема во преговорите, беше најавата на новинарката на почетокот на вестите на грчката телевизија Скај.

Би можело да ве интересира

Македонски државјанин е обвинет за убиство со умисла на 45-годишната жена на Крит

Предраг Петровиќ

Убиство што ја потресе Грција: Македонец призна дека ја уби исчезнатата 45-годишна жена

Голем пожар во Грција: 42 пожарникари, две пешадиски екипи, пет авиони и десет противпожарни возила се на терен

Македонски турист е спасен во Грција

Горан Наумовски

Бројот на туристи во Грција зголемен за 38 отсто во споредба со лани

A1on

Забрането е пливање на популарна плажа во Пефкохори поради излевање на отпадни води