„Момчето што ја држи сликата на Бранко Црвенковски, се одзива на името Стојанче Трајковски, поранешен член на Обединети за Македонија. После долго коленичење и недостојно молење, успеа да биде и на кандидатската пратеничката листа на Обединети за Македонија. По апсењето на Љубе Бошкоски овој истиот коленичар, три пати премина од Обединети во ДПМНЕ, а сега по втор пат го гледаме како незадоволен член на СДСМ“, се наведува во соопштението партијата Обединети за Македонија.
Соопштението следи, откако поранешниот генерален секретар на Социјалдемократската младина, Михаил Младеновски побара оставка од претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски.