Општина Гостивар ќе информира за загадувањето на воздухот

Од:

По ставањето во функција од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање на мерната станица за присуство на ПМ10 микро-честички, која е поставена во дворот на Основното училиште „Гоце Делчев“, Општина Гостивар на својата официјалната веб страна обезбеди директен линк, каде што секој ден се даваат информации за нивото на загадување на воздухот.

Немањето мерна станица во Гостивар за количеството на микро-честички ПM10 во градот Гостивар, беше едно од главните преокупации на градоначалникот Арбен Таравари за време на изборната кампања.

Овозможувајќи им на граѓаните на Гостивар благовремено да бидат информирани за нивото на загадување на воздухот, Општина Гостивар има за цел да ја подигне свеста на граѓаните за заштита на животната средина, како и изразува подготвеност согласно надлежностите и можностите да преземе конкретни чекори во справувањето со овој проблем.

За загадувањето на воздухот ќе можат граѓаните да се информираат на www.gostivari.gov.mk/air

Би можело да ве интересира

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар