Силвана Бонева, Виолета Дума и уште три члена на ДИК побарале апанажа, односно плата за уште една година од над илјада евра.
Апанажа побарале и досегашниот претседател Александар Чичаковски, Игор Милев, Субхи Јакупи.
– Не сум вршител на јавна функција, не знам зашто ме малтретирате, одговори Чичаковски на прашањето дали има поднесено барање за апанажа.
Барањата на поранешните петмината членови на ДИК се пристигнати во Собранието, но нема конечна одлука од Комисија за избори и именувања.