Единствена Македонија: Да се прекине собраниската расправа за Законот за употреба на јазиците и да се испрати до Венецијанската комисија

Од:

„Единствена Македонија повикува на прекин на собраниската расправа за Законот за употреба на јазиците и законот да се достави до Венецијанската комисија на уставно-правно мислење од професори по уставно и меѓународно право кои членуваат во Комисијата.

Во услови на длабока поделеност во земјата каде владата на СДСМ тврди дека законот е уставен а целата патритоски настроена и слободно мислечка јавност тврди дека законот не е уставен и ги загрозува националните и државните интереси, мислењето на Венецијанската комисија може да биде корисно.

Зачудува наивноста на премиерот Заев дека законот ќе го испрател до Венецијанската комисија, но, дури по неговото усвојување, иако не постои човек во државата на кого не му е јасно дека Венецијанската комисија дополнително по изгласувањето на законот и да утврди неуставност, тоа ќе нема никаква смисла. Општо познато е дека Албанците не фермаат правен поредок кога некој чепка во т.н. стекнати права, без оглед што не се во согласност со Уставот, и оттука, невозможна мисија е враќањето во поранешна состојба и доколку Венецијанската комисија препорача дека законот е неуставен во услови кога би бил изгласан.

Единствена Македонија му честита на Заев за рамнодушноста дека може да им одземе веќе изгласани права на Албанците доколку Венецијанската комисија укаже на неуставност на законот по неговото изгласување, но не му завидуваме на Заев на наивноста.

Затоа, најдобронамерно му советуваме на Заев, законот да го прати во Венецијанската комисија пред неговото изгласување“ се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска