Тајани: Западниот Балкан има јасна европска перспектива, но топката е во нивниот двор

Од:

Земјите од Западниот Балкан имаат јасна европска перспектива и може да сметаат на поддршката на Европскиот парламент во тој процес, но сепак топката е во нивниот двор, изјави претседателот на Европарламентот, Антонио Тајани во пресрет на неговата денешна посета на Белград.

Тој за порталот „Јуропијан Вестрен Балканс“ изјави дека Србија и Црна Гора би можеле да бидат подготвени за членство во ЕУ до 2025 година, додавајќи дека таму каде што постои волја, има и начини да се направат нештата. – Неопходен е значителен напредок во областите како што се владеењето на правото, правосудството и основните права во Црна Гора и Србија, додаде Тајани.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки