Организацијата на обединетите нации смета дека може да биде постигнат напредок во решавањето на 25-годишниот спор меѓу Грција и Македонија за името, ако има компромис кај раководставта и народите на двете земји, изјави заменик портпаролот на Светската организација Фархан Хак.
Во контекст на посетите на Метју Нимиц на Атина и на Скопје, Хак рече дека ОН целосно ја дели оценката на медијаторот дека е создаден позитивен импулс во релациите меѓу двете земји и оти е можно решение, пренесува МИА.