Коѕијас: Грција ќе и достави на Македонија спогодба во четири точки

Од:

Предлози за името, иредентизмот, меѓународни и регионални односи на Македонија и мерки за позитивна агенда се четирите точки на нацрт спогодбата што Грција кон средината на февруари ќе и ја достави на Македонија. Ова го откри шефот на грчката дипломатија, говорејќи за грчката државната телевизија ЕРТ, јавува дописникот на МИА од Атина.

Според Коѕијас, спогодбата која уште е во фаза на формулација, најпрво ќе и биде презентирана на грчката, а потоа на македонската влада, доколку биде прифатена ќе претставува основа за решавање на проблемот, ќе треба да добие зелено светло од парламентите на двете земји и ќе го отвори патот на Македонија до НАТО и ЕУ.

– Во оваа спогодба ќе бидат вклучени сите теми што се отворени во врска со името. Посебно поглавје за иредентизмот, но и за темите што се однесуваат на иднината на земјата, за нејзината интеграција во меѓународни организации и позитивна агенда, како можат дополнително да се развијат нашите односите, рече Коѕијас и објасни дека грчката страна сѐ уште ја подготвува нацрт спогодбата, а очекува кон средината на следниот месец да и биде доставена на македонската влада.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска