Македонскиот здравствен систем е рангиран на 22. место на листата на европски здравствени системи за 2017 година. На листата што ја објави Европскиот здравствен потрошувачки индекс, Македонија има 649 бода.
На првото место на листата е Холандија, на второто е Швајцарија, а на третото Данска. Подобро рангирани од Македонија се Србија на 21. место и Словенија на 16. место.
Зад Македонија на листата се Црна Гора на 25. место, Хрватска на 26. место, Албанија на 27. место, Грција на 32. и Бугарија на 33. место. На последните две места се Романија и Кипар.