Седум лица што го преживеале потонувањето на брод што пловел кон пацифичките острови Кирибати биле спасени денеска со помош на новозеландската авијација. Бродот на кој имало 50-ина патници потона пред осум дена.
Преживеаните, кои успеале да се качат на чамец, биле забележани од авион на новозеландското кралско воздохупловство. Тие се наоѓале на отворено море, 300 километри од островот Науру.