На иницијатива на Министерството за надворешни работи, во просториите на Клуб на пратеници во Скопје се одржува координативен состанок.
На средбата на претставниците на државно-политичкиот врв ќе се разгледува иницијалната рамка за решавање на разликата околу името, која ја предложи личниот претставник на Генералниот секретар на ОН г-динот Метју Нимиц на 17 јануари во Њујорк.
На состанокот учествуваат претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, министерката Радмила Шекеринска, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Александар Николоски, Владо Мисајловски, претседателот на ДУИ Али Ахмети, Бујар Османи.