Два синдиката бараат Координативно тело за унапредување на работничките права

Од:

Независниот синдикат на камионски транспортери (МАКАМТРАНС) и Независниот синдикат на градежните работници, инженери и трговци во градежништвото (НСГРИТГ) денеска побараа да се формира Координативно тело каде работниците ќе може да ги пријавуваат евентуалните кршења на работничките права.

Претседателот на Независниот синдикат на камионски транспортери (МАКАМТРАНС) Страшо Јованов изјави дека целта за формирање на едно вакво тело е да се одважат работниците да ги пријавуваат кршењата на работничките права.

Координативното тело би функционирало во рамки на Министерството за труд и социјална политика, а во него, како што посочи Јованов, би членувале заменик-министерот за труд, директорот на Трудовиот инспекторат, претседателот на Економско-социјалниот совет, претседателот на МАКАМТРАНС, претседателот на НСГРИТГ, експерт од областа на работните односи и претседателот на бизнис конфедерацијата.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден работник во фабрика во Пробиштип

Ристески: Работниците немаат никакви права во приватниот сектор, со овој притисок ќе избегаат од Македонија

Горан Наумовски

Тројца работници од Гостивар се повредиле на градежен објект

Во Македонија 98.416 лица се невработени, a 691.736 се вработени

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Филипче: Најразочарани од работата на Владата во првите три месеци се работниците

A1on