Зголемен бројот на работниците во индустријата

Од:

Бројот на работниците во индустријата во јули годинава, во однос на јули лани е зголеме за 1.2 %, сооппти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи пораст од 5.3 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1.0 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1.2 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 4.7 %, Капитални производи за 15.0 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 18.9 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.9 %.

Индексот на бројот на работниците во индустријата

Во периодот јануари – јули 2024 година, во однос на периодот јануари – 2023, бројот на работниците во индустријата е поголем за 1.7 %.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Во Македонија 98.416 лица се невработени, a 691.736 се вработени

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Филипче: Најразочарани од работата на Владата во првите три месеци се работниците

A1on

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата