Во кривичниот суд за денеска е закажано првото судење за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година за време на упадот во Собранието.
На обвинителна клупа ќе седнат обвинетите: Оливер Ошавковски, Сашо Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски-Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов, Стојан Павлески – Кобра, како и Кире Ѓоргиевски и неговиот татко.
Во мај минатата година за нападот на Села први беа уапсени Кире Ѓоргиевски и татко му за кои Обвинителството тврди дека во салата 3, каде што се одржувала прес-конференција, двајцата заедно физички го нападнале и го влечеле пратеникот Зијадин Села.
Пратеникот беше тешко повреден и заврши во болница во критична состојба. Некои од тогашните осомничени МВР ги бараше преку јавно објавени фотографии. Судот третпат им го продолжи притворот. Предметот ќе го суди судијката Славица Андреевска.