(ВИДЕО) Митовска: Сите иселеници ќе плаќаат данок од 10% кога праќаат пари во Македонија

Од:

Слаѓана Митовска од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција изјави дека иселениците ќе плаќаат данок од 10 отсто кога праќаат пари во Македонија.

„Оданочување на парите кои нашите иселеници ги праќаат кај своите семејства во Македонија во висина од 10% е уште една кражба на граѓаните, чии макотрпно заработени пари ќе се собираат за покривање на расипништвото на власта.

Власта не бира начин како да им го земе и последниот денар од џебот на граѓаните.

Со новите законски измени во Законот за вршење на услуги за брз трансфер на пари власта предвидува оданочување на парите кои од странство се праќаат во Република Македонија со данок на доход во висина од 10%.

Овој дополнителен данок за нашинците кои вообичаено праќаат пари за секојдневна егзистенција на своите семејства е данок на сиромашните.

Законските измени се во спротивност со европските регулативи и светските практики, со што Република Македонија ќе стане прва држава во светот која ќе ги оданочува трансферите преку системот за брз трансфер на пари.

Оданочувањето значително ќе го зголеми трансферот на пари на црно. Со тоа проток на огромна сума на пари ќе се стави вон увид на државните органи. Ова следствено ќе го намали обемот на работа на 300 мали бизниси, а голем број од нив ќе треба и да затворат. Тоа се над 600 семејства на кои ќе им бидат загрозени основните приходи.

Зголемените оданочувања се само паничен обид на СДСМ за покривање на се поголемата буџетска дупка и задолжувањата кои од месец во месец се се поголеми.

Секоја држава се бори за повеќе финансиски трансфери од својата емиграција.

Овие трансфери ја помагаат националната економија и придонесуваат кон монетарната стабилност.

Намалувањето на девизните приливи ќе предизвика девалвација на македонскиот денар и со тоа значително ќе се намали вредноста на нашите плати и приходи.

Новата Влада за жал ги намали странските инвестиции и со тоа го намали приливот на девизите. Ако ги намали и девизните трансфери од дијаспората, нас не очекува монетарен дисбаланс и намалување на вредноста на денарот. Сите увозни продукти ќе поскапат дополнително, нафтата ќе има уште повисока цена, а со тоа и сите други производи“, изјави Слаѓана Митовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат директно одговорните за трагедијата

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

СДСМ: На Велиген власта остави работници од повеќе институции без плата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса

(ВИДЕО) Зекири: СДСМ бара оставка од Таравари по скандалот на Кардиохирургија, ова е хумана катастрофа!

Горан Наумовски