Заменик-извршниот директор на УНИЦЕФ, Џастин Форсит, изјави дека нема безбедносни услови за враќање на припадниците на етничко малцинство Рохинџи од Бангладеш во Мјанмар.
Форсит, за време на посетата на кампот за бегалци во Кутупалонг, рече дека продолжуваат нападите врз Рохинџите во Мјанмар.
– Голем број Рохинџи сакаат да се вратат во своите домови. Но, од разговорите со роднини кои останале во Мјанмар, дознаваат дека насилството продолжува таму, вели тој.