„Понатамошно зајакнување на капацитетите и ефикасноста на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за вршење на надворешна ревизија“ е твиниг проектот чие официјално почнување ќе биде означено денеска, а ќе се спроведува во наредните 21 месец.
Главната цел на проектот е понатамошно зајакнување на административните капацитети и ефикасноста на Државниот завод за ревизија за вршење на надворешна ревизија со користење на најдобрите европски практики.